x

Пораките на WhatsApp наскоро ќе исчезнуваат

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 08 Октомври, 2019 од GSM.mk

WhatsApp наскоро ќе почне со тестирање на опцијата да може пораките да исчезнуваат откако корисникот ќе ги испрати.

Целта на оваа опција е да се зачува приватоста на разговорите, така што по праќањето на пораката ќе има можност да се „исчисти“ записот за неа, пренесува Independent.

Корисниците ќе можат да стават временско ограничување на траењето на испратените пораки. Тоа значи дека пораките ќе се праќаат на вообичаен начин, но по некое време сами ќе се избришат за да се спречи можноста некој да ги копира или да направи скриншот.

Засега функцијата е достапна на BETA верзијата на апликацијата за Android. WhatsApp уште работи на развој на оваа опција и уште не се знае кога ќе биде достапна за сите корисници.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.