Компанијата Nintendo е основана на 21 септември во 1889 година. Нивната најпопуларна и најактуелна конзола е Nintendo Switch.

Nintendo во минатиот квартал продаде дури 11,57 милиони Switch конзоли. Ова е нивниот нов квартален рекорд – раст од 7% во однос на истиот период минатата година, а наскоро ќе го прослават четвртиот роденден.
Исто така, Switch ги надмина Nintendo 3DS и 2DS од кои се продадени 75,94 милиони примероци.
Не би требало да нè изненадува популарноста на оваа конзола бидејќи сè уште поголемиот дел од времето го минуваме дома.
Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.