x

Потврдено: Доаѓа Xiaomi Mi 6 Plus со 6GB RAM!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 21 Април, 2017 од GSM.mk

Спремен за претставување следната недела, доаѓа поголема и подобрена верзија од Mi 6, Mi 6 Plus!

Mi 6 дефинитивно е премиум модел, кој може да се натпреварува и со најдобрите телефони во моментов, но неговиот 5.15 инчен дисплеј претставува мал проблем. Затоа, сега ќе го добиеме 5.7 инчниот Mi 6 Plus со full-HD (1080 x 1920) резолуција.

Покрај дисплејот, добиваме батерија од 4500mAh, Snapdragon 835 и 6GB RAM. Ќе доаѓа во две верзии, со 64 и 128GB меморија. Останатите спецификации би требало да се исти како кај Mi 6.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.