x

Потврдено: Xiaomi Mi 6 ќе има две 12 мегапикселни камери на задната страна!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 19 Април, 2017 од GSM.mk

Се што знаеме за Xiaomi Mi 6, пред да биде претставен денеска, на 19 април:

Како што веќе знаеме, уредот ќе има 5.1 инчен дисплеј со 1080 x 1920 (FHD) резолуција. Ќе работи на Snapdragon 835 и Adreno 640 GPU, заедно со 4GB RAM/64GB меморија или 6GB RAM/128GB меморија.

Иако прво се зборуваше дека уредот ќе има 19 мегапикселна камера, сепак ќе доаѓа со две камери по 12 мегапиксели и селфи камера од 8 мегапиксели. Ќе работи на Android 7.1.1 и батерија од 3200mAh. 

Неговата цена ќе биде 290 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.