x

Повторно новитети на Instagram: Корисниците ќе добијат поголема контрола

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 10 Декември, 2016 од GSM.mk

Instagram направи нови промени на апликацијата, па сега корисниците ќе добијат поголеми можности. Апликацијата воведе можност за лајкување на коментарите, како и за исклучување на можноста за коментирање на одредени постови.

Корисниците ќе имаат можност и да ги отстранат следачите од своите приватни профили, без да треба да ги блокираат.

Основачот на Instagram, Кевин Систром изјави дека можноста за коментирање им помага на корисниците да пружат поддршка и да ги поттикнат позитивните вибрации во целата заедница.

Коментарите на Instagram ќе може да се лајкуваат исто како што се лајкуваат и фотографии - со срце покрај нив. Од мрежата објаснуваат дека за разлика од Facebook, лајковите нема да влијаат на појавувањето на одреден пост, иако оваа опција отвора можност за рангирање на коментарите во иднина.

Со воведувањето на опцијата за гасење на коментарите на одредени постови, корисниците ќе имаат поголема контрола над коментарите. Instagram и претходно ја имаше оваа опција, но таа беше достапна само за одредени верификувани профили. Со измените, секој профил ќе може да изгаси коментирање, со прилагодувањето на опциите во „напредните поставки“ пред објавувањето на постот.

Конечно Instagram ја додаде и опцијата за отстранување на следбениците без да има потреба да ги блокирате. Претходно блокирањето беше единствена можност да спречите некого да ги гледа вашите постови.

Промените ќе почне да се воведуваат од денеска, а од Instagram објаснуваат дека во текот на следните неколку недели, новитетите ќе станат достапни за сите.

Извор: kajgana.com


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.