x

Познат датумот кога LG ќе го најави новиот модел Wing

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 10 Септември, 2020 од GSM.mk

LG ветува револуција: Од компанијата потврдија дека новиот смартфон ќе се вика Wing, а ќе биде претставен на 14 септември.

Овој уред има два ротирачки екрана, а неодамнешното тизер-видео укажува на лизгачки механизам што го ротира екранот во „Т“ облик.

Освен екраните, новиот Wing ќе поддржува и 5G мрежа, ќе има 3 задни камери со главен сензор од 64 мегапиксели. Wing би требало да има и Snapdragon 7 процесор.

Новиот LG ќе биде првиот модел од проектот Explorer за кој компанијата вели дека е фокусиран за „откривање на нови начини за интеракција со мобилните телефони“. LG додава дека Wing на корисниците ќе им овозможи поинакво искуство за разлика од вообичаените смартфони.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.