x

Познат датумот кога Sony ќе ја претстави новата Xperia 5 II

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 15 Септември, 2020 од GSM.mk

Компанијата Sony наредната недела ќе го претстави новиот флегшип смартфон.

Sony го најави настанот за 17 септември, на кој ќе го претстави својот нов паметен телефон, а тоа најверојатно ќе биде Xperia 5 II.

Во најавата се наведува само датумот на претставувањето со хаштагот #SonyXperia.


Во склад со актуелната стратегија на Sony, Xperia 5 ќе има 6,1-инчен FULL HD+ HDR OLED екран со формат 21:9 и со фреквенција на освежување од 120 Hz.

Направени се и подобрувања на камерите – сите 3 камери(главна, ултраширока и телефото камера) имаат 12 MP. Уредот користи Snapdragon Qualcomm 865 процесор, има 8 GB RAM, 128 GB интерна меморија и батерија од 4.000 mAh.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.