x

Познати деталите за новиот Motorola Moto E7

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 17 Октомври, 2020 од GSM.mk

Motorola во септември го претстави Moto E7 Plus, но помалиот модел наскоро ќе пристигне на пазарот.

Од Motorola ги објавија перформансите на новиот модел.

Moto E7 ќе има 6,2-инчен HD+ LCD екран со формат 19:9 со селфи камера од 5 MP. Задната камера ќе има 13 MP и сензор за длабочина од 2 MP.

Уредот ќе има 2 GB RAM и 32 GB интерна меморија.

Moto E7 го напојува батерија од 3.550 mAh.

Смартфонот најверојатно ќе чини само 122 евра, а засега не е познато кога ќе почне продажбата.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.