x

Познати спецификациите на Huawei Mate 10 Pro и Mate 10 Lite!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 11 Септември, 2017 од GSM.mk

Huawei ќе ја претстави Mate серијата на 16 октомври и вети дека оние кои ги очекуваат уредите нема да бидат разочарани..

Покрај стандардниот Mate 10, Huawei ќе претстави уште два уреди чии имиња сеуште не се познати. Подобрена верзија, која најверојатно ќе биде наречена Huawei Mate 10 Pro, позната е под името Blanc, додека малку послабиот Mate 10 Lite, познат е под името Alps.

Т.н Blanc, или Huawei Mate 10 Pro, ќе доаѓа со 5.9 инчен IPS LCD дисплеј со Quad HD (1440 x 2880 пиксели) резолуција. Телефонот ќе содржи импресивен дуален систем камери од 20 и 12 мегапиксели. Ќе работи на моќниот Kirin 970 , заедно со 6GB RAM и 128GB меморија. 

Вториот Mate 10 смартфон кој ќе биде претставен во октомври, Huawei Mate 10 Lite, доаѓа со малку помал, 5.8 инчен дисплеј и резолуција од 2560 x 1440 пиксели. Како и останатите Mate 10 модели, ќе работи на Kirin 970 процесор, придружен од 4GB RAM и 64GB меморија. Ќе го содржи истиот дуален систем камери. 

Повеќе информации за смартфоните очекуваме наскоро. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.