x

Познати спецификациите на Samsung Galaxy J5 Prime (2017)!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 19 Ноември, 2017 од GSM.mk

Покрај Galaxy J2 Pro (2018), Samsung најверојатно ќе најави уште еден евтин уред до крајот на годината, Galaxy J5 Prime (2017).

Иако името сеуште не е официјално, станува збор за следбеникот на Galaxy J5 Prime, истотака познат како SM-G570. Ненајавениот уред пред некое време се појави на GFXBench и има слично име, SM-G571, поради што најверојатно станува збор за подобрената верзија на Galaxy J5 Prime. 

Следбеникот на Galaxy J5 Prime ќе доаѓа со Exynos 7570 процесор, придружен од 3GB RAM и 32GB меморија. Истотака, се спомнува 4.8 инчен HD (720p) дисплеј, 12 мегапикселна главна и 8 мегапикселна селфи камера. 

Galaxy J5 Prime (2017) ќе работи на Android 7.1.1 Nougat. Датумот на претставување и цената се сеуште непознати. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.