x

Познати спецификациите на Xiaomi Mi 7!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 11 Февруари, 2018 од GSM.mk

Минатиот месец, дознавме дека кинеската компанија Xiaomi ќе присуствува на MWC настанот, каде ќе најави два нови уреди - едниот од нив е Xiaomi Mi Mix 2s, а другиот е Xiaomi Mi 7..

Mi Mix 2s ќе го замени Snapdragon 835 процесорот кој се наоѓа во Mi Mix 2, со новиот Snapdragon 845. Задната камера ќе доаѓа со Sony сензор и подобрени перформанси, кои ќе им дозволат на корисниците да прават подобри фотографии при ниска светлина. 

Покрај Mi Mix 2s, Xiaomi ќе претстави уште еден уред, Mi 7. Според новите информации, Mi 7 ќе доаѓа со 5.6 инчен дисплеј и резолуција од 1080 x 2160 пиксели, истотака позната како FHD+. Тоа значи дека уредот најверојатно ќе нуди 18:9 сооднос и edge-to-edge дисплеј со речиси невидливи рамки. Под хаубата, ќе се наоѓа Snapdragon 845, придружен од 6GB RAM и 128GB меморија. На задната страна, ќе се наоѓаат две 16 мегапикселни камери, а ќе работи на голема батерија, од 4480mAh.


MWC 2018 настанот започнува на 26 февруари, а еден ден пред тоа, ќе бидат најавени новите Galaxy S9 и S9 Plus. За разлика од нив, Xiaomi Mi 7 ќе биде претставен малку подоцна. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.