x

Познатиот Speedtest добива нова возбудлива опција

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 17 Февруари, 2021 од GSM.mk

Компанијата што го направи популарниот Speedtest, Ookla, во својот последен блог пост објави дека воведува интересна нова опција за уредите со iOS.

По ажурирањето, апликацијата ќе може да ја предвиди максималната резолуција на видеото, како и времето на вчитување и „баферинг“ на вашата мрежа. Тестирањето е бесплатно, и наскоро треба да стигне и на другите платформи.

Како што објаснуваат, потребен е посебен тест за квалитетот на видеото, бидејќи интернет провајдерите го третираат видеото поинаку во однос на другите начини на трошење на податоците.

Ова значи дека вашата мрежа има побрз пренос за видеа отколку, на пример, за текст и фотографии.

Тестирањето на видеопреносот со Speedtest е многу едноставно. Откако ќе ја отворите апликацијата, изберете ја опцијата Video и потоа жолтото копче. Апликацијата ќе ги измери можностите за трансфер за различни квалитети на видеото пред да ги добиете резултатите.

Постои можност овој тест да ве извести дека вашата мрежа не може да поддржува максимална резолуција на уредот.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.