x

Прекинете да го користите вашиот смартфон за мерење на притисок!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 14 Ноември, 2019 од GSM.mk

Модерните смартфони доаѓаат со низа функции и апликации кои може да ви помогнат да водите сметка за вашето здравје. Но, не треба секогаш да им верувате..

Постојат два вида на мерење притисок - со ставање на прстот врз камерата или врз блицот. Потоа, вака го држите прстот околу 15 секунди и ги добивате резултатите. Пред процедурата, голем дел од овие апликации прашуваат да ставите пол, години, висина и слично за поточно мерење.

Visualization of the app's measurements, image by University of Toronto - Stop using apps to measure your blood pressure

При едно вакво тестирање на факултет за медицина, резултатите биле далеку од очекуваното. За дел од овие тестирања вредноста беше точна само околу 24% од обидите. Затоа, заклучокот бил дека оваа апликација е "далеку од реална" и дека "голем дел од лицата кои е веројатно дека имаат проблем со притисокот нема да добијат такви резултати". 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.