x

Prisma наскоро доаѓа на Android!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 22 Јули, 2016 од GSM.mk

Уште од првиот ден на лансирање на iOS платформата, руската апликација Prisma ги освои срцата на огромен број на корисници наоколу светот. За жал, не добивме iOS верзија...

Во моментот, се врши бета тестирање на Android, но апликацијата е далеку поспора од начинот на кој работи на iOS. Дополнително, бета верзијата го ограничува бројот на слики кои може да ги преработите, а потоа ви дава нотификација дека треба да ја почекате финалната верзија.

Она што многумина не го знаат за Prisma е дека самото процесирање на фотографии не се врши на вашиот телефон, туку сликата се прикачува на сервер, се процесира и потоа се симнува назад на вашиот телефон.

Токму затоа Prisma е достапна само за iOS, каде што има помал број на корисници од Android.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.