x

Пристигна Dark Mode за Facebook Messenger!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 18 Април, 2019 од GSM.mk

Facebook претстави нова и корисна опција за својата Messenger апликација..

Иако Dark Mode опцијата за Messenger е достапна веќе некое време, корисниците не можеа да ја активираат преку Settings менито. Од денес, компанијата ги олесни работите за своите корисници. За активирање на Dark Mode, се што е потребно е да кликнете на вашата профилна фотографија на Messenger и да промените од бела кон црна апликација.

Според Facebook, новиот Dark Mode ќе овозможи користење на помала светлина. Истотака, на овој начин корисниците ќе може да заштедат на своите батерии. Фукцијата е достапна на глобално ниво.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.