x

Пристигна iOS 10.2 и watchOS 3.1.1

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 15 Декември, 2016 од GSM.mk

По долг период бета тестирање, Apple конечно го претстави iOS 10.2, најновата верзија од нивниот оперативен систем. Ви ги претставуваме сите новости кои стигнаа со него!

Од денес, iOS 10.2 е достапен за iPhone, iPod и iPad. Пристигна со Unicode 9 емотиконите, нови позадини и нова TV апликација како и листи каде може да ги најдете вашите омилени серии онлајн. 

Апликацијата за пораки има нов "Celebration" ефект и е додадена нова Emergency SOS функција, со која можете со пет тапкања на power копчето да активирате одбројување од три секунди. Освен Америка, први држави кои ќе го добијат update-тот се: Австралија, Белгија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Индија, Италија, Русија, Шпанија и Англија. 

Истовремено, Apple го претстави и watchOS 3.1.1. Иако не се вклучени многу промени, има голем број исправени багови. Една мала промена која е додадена кај емотиконите е функцијата која овозможува промена на нивната боја.  

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.