x

Пристигна iOS 10.3.2!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 16 Мај, 2017 од GSM.mk

Apple го претстави новиот iOS 10.3.2 update за iPhone, iPad и iPod Touch!

Би требало да биде компатабилен за сите Apple уреди кои работат на iOS 10, вклучувајќи ги и iPhone 5 и 5c. iOS 10.3.2 е update наменет за решавање на багови, така да не очекувајте промени во функционалноста на вашиот уред. За да проверите дали е достапен на вашиот уред, одете во Settings > General > Software Update menu, потоа кликнете "Download and Install" доколку е достапен iOS 10.3.2.

Како потсетник, iOS 11 наскоро треба да биде претставен, најверојатно за време на WWDC конференцијата на Apple, која почнува од 5 јуни. Update-тот ќе воведе нови способности кај Siri и групни FaceTime повици. Очигледно, на Apple не му снемуваат идеи сеуште. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.