x

Пристигна macOS High Sierra за Apple Mac

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 28 Септември, 2017 од GSM.mk

Apple ја лансираше новата верзија на оперативниот систем за Mac компјутерите наречена High Sierra, која веќе е достапна за бесплатно преземање.

MacOS HighSierra можеби не е „фенси” надградба како некои претходни, но носи значителен број новитети и дефинитивно е корисна надградба. Photos секцијата е променета и изгледа одлично, а тука е и подобрениот Photo Editor. Зголемено е присуството на AI, односно вештачката интелигенција, која ќе помогне компјутерот да се користи полесно и поквалитетно.

Aжурирање добија и Notes, Spotlight, Mail и Safari, кој официјално сега е најбрзиот интернет прелистувач на светот и содржи опции за блокирање на реклами, блокирање на автоматско прикажување на видео содржини и анимирани реклами - функции кои ја расбеснеа рекламната индустрија.

MacOS HighSierra е достапен преку AppStore, a oние кои имаат поддржан компјутер можат веднаш да го преземат.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.