x

Приватните групи на WhatsApp повторно се појавија на Google

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 12 Јануари, 2021 од GSM.mk

Само неколку дена откако WhatsApp мораше да воспостави нови правила со кои на корисниците им нареди своите податоци да ги споделуваат со Facebook, сега доби срамен нов удар откако приватните групни разговори станаа јавно достапни..

Многу приватни WhatsApp групи станаа јавно достапни со пребарување на Google. Така, било кој може да се зачлени, а приватни разговори да излезат во јавноста. И не само тоа, на тој начин и телефонските броеви стануваат достапни.

Проблемот се појави вчера, а по интервенција на самиот WhatsApp сите групи ги снема од Google. Но, бељата веќе е направена, а репутацијата на WhatsApp уште еднаш падната. Сличен проблем имаше на почетокот од минатата година кога разговори и профили на корисници протекоа во јавност.


Од компанијата инсистираат дека заштитата на приватноста е и тоа како подобрена од лани, а ги обвини самите корисници дека се виновни за вчерашното фијаско на Google.

„Од март 2020 WhatsApp вметна noindex таг кој, според Google, спречува индексирање“, соопшти компанијата.

Ова се случува само неколку дена откако WhatsApp го воведе новото контроверзно правило со кое корисниците мораат своите приватни податоци да ги споделат со Facebook, кој е сега матична компанија на WhatsApp.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Trying to get property of non-object

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 69

https://gsm.mk/">

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Undefined offset: 5

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 69

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Trying to get property of non-object

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 69