x

Продажбата на паметните телефони опадна за 40 проценти поради коронавирусот

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 22 Март, 2020 од GSM.mk

Пандемијата со коронавирусот зема данок во економијата во светот и особено тешко ја погоди и мобилната индустрија.

Според Strategy Analytics продажбата на паметните телефони YoY опадна за 39% минатиот месец, додека испораката опадна за 38% во однос на претходната година.

Пандемијата предизвикана од Covid-19 во февруари оваа година во Кина ја намали продажбата и побарувачката за паметни телефони. Samsung остана водечка компанија во индустријата според испораката и продажбата, а Apple, Xiaomi, Huawei, Oppo и Vivo заостануваат.

Интересно е тоа што бројките на Strategy Analytics откриваат дека Xiaomi го надмина Huawei во вкупната продажба и испораката додека трае оваа криза. Се шпекулира дека ова е поради фактот дека Xiaomi во февруари ја лансираше моќната серија Xiaomi Mi 10.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.