x

Проф. Филиповска: Зрачењето од 5G не е толку опасно

Категорија: Занимливости Објавено на 12 Јули, 2020 од GSM.mk

На незнаење и страв од непознатото во 90 проценти се темелат негативните коментари за 5G мрежата, а најдобар одговор на тоа е борбата со лажните вести, оценија учесниците на дебатата „Дигитални предизвици за општествена транформација“

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски соопшти дека Агенцијата за електронски комуникации наесен планира да го објави првиот оглас за изразување на интерес за користење на фреквенции за 5G согласно  нашиот Национален оперативен бродбенд план (НОБП)

Добро е, потенцираше Манчевски, во меѓувреме да ја смириме паниката, но мислам дека и луѓето полека почнаа да сфаќаат.  Важно е и како ќе се постават самите медиуми и да не отвораат дилеми кај граѓаните.

Според Манчевски, борбата со лажните вести е секогаш најефикасниот механизам за да се создаде вистинска слика за новите технологии.

– Се работи за истите технологии односно за истото зрачење на тие фреквенции што не се опасни за луѓето. Јонизирачките зрачења се нешто друго и затоа кога се оди на ренген, се снимаш еднаш и треба да помине време за повторно да може да се оди. Тука јасно е докажано зрачење што може да биде штетно, а ова се технологии и вид на зрачења што не се штетни по здравјето на луѓето. Потребно е заеднички да ја шириме пораката. Се работи за ист тип на зрачење само на повисоки фреквенции што не се во нивоата во кои се штетни за здравјето на луѓето. Да, има други технологии што се во позадината, но станува збор за истиот тип на радиобранови само на повисоки фреквенции, појасни Манчевски.

Професорката од Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) во Скопје, Соња Филиповска, пак, потенцираше дека со новите технологии поефикасно се искористува мрежата, односно како што рече,  5Г користи нејонизирачки фрекфенции што не се поврзуваат со фрекфенциите што предизвикуваат рак.

– Вообичаено за 5G многу се користи терминот – револуционерно, односно дека тоа е нова револуционерна мрежа и оти такво нешто немало претходно. Тоа создава еден вид психолошка паника кај луѓето и веднаш почнуваат теории на заговор. Проблемот е што всушност кога кажуваме дека 5G е револуционерна мрежа мислиме за технологиите коишто се користат во неа, а не се користеле во претходните генерации на мобилни технологии. Тие технологии се таму всушност за поефикасно да се искористува мрежата. Значи она што го добивате, револуцинерното, што го нарекуваме софтеризација на мрежата, софтверско радио итн., всушност се технологии што овозможуваат истите зрачења и бранови да се користат на многу поефикасен начин, рече Филиповска.

Најголем проблем на тие теории на заговор, дополни, е при користењето на  зборот зрачење.

– Кога ќе се спомене зрачење некој тоа го асоцира на рак што е многу далеку од вистината, затоа што 5G користи фреквенции што се нејонизирачки  и што воопшто не се поврзуваат со фреквенциите што предизвикуваат рак. Сите проблеми околу здравјето, 5G и лошото искуство во над 90 проценти се темелат од незнаење и страв од непознатото и новото, оцени Филиповска.

На крајот на април годинава домашните оператори, заинтересирани странски компании и граѓани  доставија мислења и забелешки до AЕК во врска со планираното издавање одобренија за користење радиофреквенции за 5G -технологијата. Тие мислења треба да бидат соодветно имплементирани во законската постапка, предвидена согласно Законот за електронските комуникации (ЗЕК) за доделување на овие радиофреквенции.

На денешната дебата беа претставени и досегашните активности за  дигитализацијата во јавниот сектор  и беше истакната потребата од дигитална писменост и промени во наставните програми во училиштата.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Trying to get property of non-object

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 64

https://gsm.mk/">

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Undefined offset: 4

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 64

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Trying to get property of non-object

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 64

  • A PHP Error was encountered

    Severity: Notice

    Message: Undefined offset: 5

    Filename: includes/sidebar.php

    Line Number: 65

  • A PHP Error was encountered

    Severity: Notice

    Message: Trying to get property of non-object

    Filename: includes/sidebar.php

    Line Number: 65

    https://gsm.mk/">

    A PHP Error was encountered

    Severity: Notice

    Message: Undefined offset: 5

    Filename: includes/sidebar.php

    Line Number: 65

    A PHP Error was encountered

    Severity: Notice

    Message: Trying to get property of non-object

    Filename: includes/sidebar.php

    Line Number: 65

    " alt="

    A PHP Error was encountered

    Severity: Notice

    Message: Undefined offset: 5

    Filename: includes/sidebar.php

    Line Number: 65

    A PHP Error was encountered

    Severity: Notice

    Message: Trying to get property of non-object

    Filename: includes/sidebar.php

    Line Number: 65

    " align="left" width="100" height="60" />

    A PHP Error was encountered

    Severity: Notice

    Message: Undefined offset: 5

    Filename: includes/sidebar.php

    Line Number: 65

    A PHP Error was encountered

    Severity: Notice

    Message: Trying to get property of non-object

    Filename: includes/sidebar.php

    Line Number: 65

    https://gsm.mk/">

    A PHP Error was encountered

    Severity: Notice

    Message: Undefined offset: 5

    Filename: includes/sidebar.php

    Line Number: 65

    A PHP Error was encountered

    Severity: Notice

    Message: Trying to get property of non-object

    Filename: includes/sidebar.php

    Line Number: 65