x

Протекоа фотографии од новите паметни часовници на LG

Категорија: Рецензии // Гаџети Објавено на 01 Февруари, 2017 од GSM.mk

На само неколку недели до излегувањето на новите Android Wear 2.0 паметни часовници, oд LG протекоа фотографии од два нови часовници.

Станува збор за моделите LG Watch Style и LG Watch Sport. LG Watch Style има помали димензии, повеќе наликува на женски часовник, нежна боја, екран од 1,2 инчи и IP67 сертификација, што значи дека е целосно заштитен од прашина и може да издржи 30 минути вода до длабочина од 1 метар. Се предвидува дека ќе чини 250 долари.


LG Watch Sport е поголем и има повеќе функции. Дисплејот е со големина од 1,38 инчи, има IP68 сертификат, што значи дека може да издржи 30 минути во вода до длабочина од 1,5 метри, има NFC, LTE, пристап до мобилни мрежи, GPS, монитор на отчукувањето на срцето. Цената уште не е позната.

Извор: kajgana.com


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.