x

Протекоа приватни пораки на 81.000 корисници на Facebook

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 03 Ноември, 2018 од GSM.mk

Лични податоци на 257.000 корисници на Facebook, вклучувајќи и приватни пораки на 81.000 корисници, се достапни онлајн од почетокот на септември, а наводно биле дистрибуирани од руски хакери, пренесува BBC.

Податоците биле објавени на „онлајн“ форум од хакери, кои тврдат дека имаат пристап до лични податоци на 120 милиони кориснички налози и нудат на продажба еден профил за 10 центи, објави BBC.

Медиумот тврди дека контактирал со петмина корисници, кои потврдиле дека разговорите кои се достапни на интернет, навистина се нивни приватни пораки од Facebook.

Анализата, која ја спроведе британската компанија за кибернетичка сигурност Дигитал шедовс, пронашла 12 илјади од 257 илјади корисници во Русија и 47 илјади корисници кои рекле дека се од Украина.

До платформата на која се појавиле податоците или која била создадена да се појават таму, водат руски линкови, покажа истрагата на BBC. Таа е поврзана со ИП адреса во Санкт Петербург.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.