x

„Протекување“ на доверливи информации ја намалува довербата во паметните уреди

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 23 Март, 2017 од GSM.mk

Огромниот развој на дигиталната технологија во изминатава декада ја направи сајбер безбедност најважна за индивидуалците, корпорациите и владите во светот.

Неодамна WikiLeaks објави илјадници документи на ЦИА - досега најголемото откритие, со повеќе од 8.000 документи кои ЦИА ги има означено како доверливи. Во документите се открива дека американската влада, преку ЦИА, создала и спровела глобална хакерска програма. 

Во документите се наведува дека агенцијата злоупотребила бројни уреди на најголемите компании како Apple, Google, Microsoft и Samsung и ги претворила во свое оружје и уреди за прислушување.

Според Едвард Сноуден, овие документи покажуваат дека владата на САД го прави софтверот ранлив намерно, преку „креирање на ранливости во американските продукти и намерно оставајќи ги тие дупки отворени“.

Повеќе на темата сајбербезбедност и приватност на информации, посетете го самитот за Безбедност и Приватност, во склоп на Webit.Festival. На 25 и 26 април годинава во Софија, врвни говорници од насекаде во светот ќе го споделат своето искуство во ова важно поле. Тука ќе може да слушнете експерти како Улрих Салдеслахт, извршен директор на  LSEC-Leaders, извршниот технички директор за Intel Security за EMEA Раџ Самани и ко-осоновачот на Distil Network - Рами Есаид.

Извор: kajgana.com


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.