x

Проверете дали вашите податоци се наоѓаат во база на украдени лозинки

Категорија: Совети Објавено на 19 Мај, 2017 од GSM.mk

Стручњаците од Центарот за истражување и анализа на безбедност Kromtech, пронајдоа огромна база на податоци во која се наоѓаат преку 560 милиони имејл адреси и лозинки, кои ги собрала и објавила непозната личност..

Повеќето од овие информации можат да се најдат на страницата на Хант наречена Have I Been Pwned, која им овозможува на корисниците да проверат дали лозинките им се украдени во некоја од претходните големи кражби во сигурносните системи на сервисите.

Повеќето податоци кои се наоѓаат во оваа огромна база се украдени со хакирањето на LinkedIn, Dropbox и Tumblr.

Доколку сакате да проверите дали вашите лозинки се наоѓаат меѓу украдените, тоа може да го направите тука.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.