x

Прв поглед на новите икони на Windows 10

Категорија: Занимливости Објавено на 30 Март, 2021 од GSM.mk

Конечно стигна долго најавуваниот редизајн на корисничкиот интерфејс за Windows 10 и имаме можност да дознаеме повеќе детали за тоа како изгледа.

За некои корисници веќе е достапна тест верзијата на новиот File Explorer, односно системските икони (Recycle Bin, дискови, итн.) кои добија нов изглед.

„Визуелно поврзавме неколку различни икони, така што нивниот дизајн подобро се вклопува со остатокот од оперативниот систем, но и со другите наши производи“, рече Аманда Ланговски, од Windows Insider.


Microsoft потврди дека Recycle Bin добива нов дизајн бидејќи на корисниците „не им се допаѓаше доволно актуелната верзија“.

Секако, иконите се само еден дел од поголемиот план за редизајн на целиот оперативен систем Windows 10 и наскоро ќе откриеме што ќе содржат останатите промени.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.