x

Прва фотографија од Microsoft Surface Pro 5!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 20 Февруари, 2017 од GSM.mk

Наводна фотографија од изгледот на новиот Surface Pro 5 се појави на француска страна. Иако сеуште не е сигурно дали навистина станува за горенаведениот таблет, информациите кои се познати за него и изгледот на фотографијата дефинитивно се совпаѓаат.

Освен сликата од таблетот, Surface Pro 5 името беше спомнато и на LinkedIn профил на вработен во Microsoft. 

Surface Pro 4 беше претставен на 6 октомври 2016 година. Најверојатно неговиот следбеник ќе биде претставен во март или април, една ипол година по неговото претставување. Иако не се познати неговите спецификации, неофицијалниот изглед на таблетот може да го видиме тука:


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.