x

Прва реклама за AirPods, Apple уверува дека слушалките нема да паѓаат

Категорија: Рецензии // Гаџети Објавено на 22 Јануари, 2017 од GSM.mk

Без оглед на тоа дали танцувате, скокате, се вртите или и пркосите на гравитацијата, AirPods слушалките на Apple нема да ви испаднат од ушите. Барем тоа го тврди Apple во својата прва реклама за слушалките.

Компанијата го ангажираше танчерот Лил Бак кој со своите слушалки и пркоси на гравитацијата на улиците низ Мексико Сити со песната Down. Без оглед на сите потези што ги прави во видеото, на Бак ниту еднаш не му испаѓаат слушалките.

Apple со оваа реклама сака да им покаже на скептиците кои од почетокот тврдат дека слушалките лесно ќе се губат и ќе испаѓаат од ушите.

Првиот човек на компанијата, Тим Кук минатата година истакна дека корисниците без проблеми ќе можат да шетаат, работат или танцуваат со слушалките во уши.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.