x

Прва тужба против Samsung за Galaxy Note 7!

Категорија: Новости // Бизнис Објавено на 22 Септември, 2016 од GSM.mk

По стотици проблеми и експлозии со уредот на Samsung, конечно некој реши да ги земе работите во свои раце...

Jonathan Strobel од Флорида официјално поднесе тужба против компанијата, откако телефонот му експлодирал во џеб додека се шетал во трговски центар на 9-ти септември. Кога посегнал во џебот, Strobel си го изгорел прстот, но и десната нога му претрпела сериозни изгореници.

Kieth Pierro, адвокатот на Strobel, вели дека неговиот клиент претрпел огромна физичка и психичка штета, а видливи се и изгореници од втор степен на телото. Според него, Samsung ги повикал телефоните назад дури на 15-ти септември, 6 дена откако Strobel бил повреден.

Сеуште нема официјален коментар од Samsung.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.