x

Првата фотографија направена со Photoshop!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 09 Април, 2017 од GSM.mk

Дали ја препознавате оваа фотографија? Насловена како „Jennifer in Paradise“ таа има специјално место во историјата на дигиталната фотографија, станува збор за првата „фотошопирана“ фотографија.

Направена е од Џон Кнол во 1987 година додека тој и неговата девојка Џенифер се наоѓале на одмор во Бора Бора, пишува Guardian.  И додека Џон подоцна во кариерата го развивал Photoshop, му биле потребни примероци за скенирање, а токму оваа фотографија станала првата бидејќи ги имала идеалните димензии.

Фотографијата од летување станала првата фотографија во боја на која се демонстрирани сите опции за софтверот кој подоцна ќе го добие името Photoshop.

„Тоа беше одлична фотографија за демо верзијата. Беше пријатна за гледање,а во технолошка смисла, со неа можеше да се направи сè што сте замислиле“, смета Џон.


На секоја компанија што подоцна ја посетувал Џон оставал по еден примерок на Photoshop, а подоцна дознал дека многу корисници ја „клонирале“ неговата девојка, која подоцна му станала жена, и ја чувале во компјутер.

Сепак, тој воопшто не ни сонувал дека еден ден истата ќе биде тема на изложба која на 13 јуни е отворена во Лондон. Младиот фотограф Констант Дуларт ги изложува своите дела – различни варијации на фотографијата од Бора Бора. Според него, Jennifer in Paradise е најдобриот и најоригиналниот Photoshop проект кој е дел од историјата на сите нас.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.