x

Први бенчмаркинг резултати за iPhone 12 и 12 Pro!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 16 Октомври, 2020 од GSM.mk

Новите iPhone 12 уреди се сметаат за едни од најмоќните смартфони кои се достапни во моментот на пазарот. Да погледнеме дали тоа е навистина така:

Само неколку дена по официјалното најавување се појавија првите бенчмаркинг резултати за iPhone 12 и iPhone 12 Pro. Тестовите беа направени на AnTuTu со A14 процесорот на Apple.

  • iPhone 12 vs iPhone 12 Pro: 564899 vs 572133 на AnTuTu
  • iPhone 12 Pro vs Galaxy S20 FE: 572133 vs 573211 на AnTuTu
Како што може да видите, iPhone 12 постигна малку послаб резултат од Pro моделот. Тоа е лесно за објаснување, бидејќи иако го имаат истиот A14 процесор и 6.1 инчен дисплеј, има разлика во другите карактеристики на iPhone 12 и iPhone 12 Pro, како на пример 6GB, наместо 4GB RAM.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.