x

Први фотографии од Nokia 2!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 09 Август, 2017 од GSM.mk

Nokia 2 е најевтиниот телефон кој ќе биде претставен од HMD Global, при крајот на месецот заедно со Nokia 8..

Пред некоја недела се појавија скици од Nokia 2, а сега и фотографии на кои се гледа предната и задната страна на уредот. 

Според гласините, Nokia 2 ќе има 4.7 или 5 инчен дисплеј со HD (720p) резолуција. Под хаубата, ќе се наоѓа Snapdragon 212. Покрај овие информации, другите спецификации за телефонот се мистерија. 

HMD Global се очекува да го најави Nokia 8 на 16 август, заедно со други уреди, меѓу кои најверојатно ќе биде и Nokia 2.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.