x

Први официјални слики направени со iPhone X, 8 и 8 Plus

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Септември, 2017 од GSM.mk

Иако новите iPhone модели беа претставени пред само еден ден, веќе ги имаме првите слики направени со нивните камери. Да ги погледнеме резултатите:

iPhone X

iPhone X доаѓа со дуален систем камери од 12 мегапиксели. Нова функција е и оптичката стабилизација на двете камери, со која добиваме почисти слики при зумирање на било која светлина. Прв пат кај iPhone, Portrait Mode опцијата е достапна и кај предната камера. 


iPhone 8 и 8 Plus

Покрај возбудата за iPhone X, лесно е да се заборави дека камерите на iPhone 8 и 8 Plus истотака доаѓаат со подобрувања. На прв поглед, спецификациите се слични: двата уреди ќе добијат 12 MP/7 MP кај предната и задната камера, додека Plus верзијата ќе вклучува уште една камера на задната страна. Но, Apple вели дека станува збор за нови сензори, кои ќе го подобрат квалитетот на сликите. Запомнете, не е се во пикселите.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.