x

Првиот телефон со скенер за отпечатоци вметнат во дисплејот ќе биде претставен на 10 јануари

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 09 Јануари, 2018 од GSM.mk

Првиот телефон кој ќе доаѓа со скенер за отпечатоци вметнат во дисплејот ќе биде претставен оваа среда, на 10 јануари..

За жал, станува збор за уред кој не може да се купи во Америка и во западниот свет. Наместо тоа, ќе биде произведен од кинеската компанија Vivo. Компанијата се очекува да го претстави за време на CES 2018 настанот. 

Vivo е голем и познат бренд во Кина, кој припаѓа на истата компанија која е сопственик на Oppo и OnePlus. Иако најверојатно од трите, OnePlus можеби ви звучи најпознато, всушност е најмалото и најмалку популарното име од трите. 

Повеќе информации за уредот и неговоите спецификации очекуваме на денот на неговот претставување.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.