x

Првите смартфони со непробојно дијамантско стакло ќе стигнат во 2019 година

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 11 Февруари, 2018 од GSM.mk

Производителите на смартфони за заштита на екраните на своите уреди најчесто користат зајакнато „Gorilla Glass“ стакло. Тоа наскоро би можело да се промени, бидејќи една американска компанија планира до 2019 година да понуди на пазарот дијамантско стакло..

Компанијата „Akhan Semiconductor“ работи на развој на технологија за изработка на дијамантски стакла за мобилни телефони со која кршењето на екраните на мобилните телефони ќе стане историја.

Компанијата работи на развојот на дијамантски стакла повеќе од една година.  

Иако првите прототипи веќе требаше да бидат претставени, сега рокот е поместен за во 2019 година бидејќи тестирањата во соработка со некои производители уште се во тек.

Основната идеја на новата технологија е дијамантскиот слој да се нанесе на веќе постоечките Gorilla Glass стакла или на стакла слични на нив.

Бидејќи дијамантите се одлични полупроводници и пружаат огромна цврстина, дијамантскиот слој ќе овозможи непречено користење на екраните на допир.

Она што во моментов е најголем проблем е постигнувањето на минимална рефлексивност  на нанесениот дијамантски слој.

Штом се надминат овие проблеми, уредите со непробојни екрани ќе се појават на пазарот.

Основачот на компанијата „Akhan Semiconductor“ Адам Кан нагласи дека производството на дијамантските екрани е прилично скапо, па непробојното дијамантско стакло најверојатно ќе се најде на смартфоните од премиум класата.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.