x

Расте уделот на Windows 8

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 05 Јануари, 2013 од Христијан Илиески

Според последните статистики уделот на Windows 8 се зголемува, но истовремено расте и застапеноста на Windows 7

Во последниот месец од 2012 година Windows 8 покажа раст од 0,66%, односно од 1,11% се покачи на 1,77%. Истовремено во декември се зголеми и уделот на Windows 7 за 0,40% и засега неговата застапеност на пазарот е 45,11%.

Windows Vista кој беше голема грешка на Microsoft завзема 5,67%, а се смалува и уделот на досега нај користениот оперативен систем од Microsoft, Windows XP. Оваа „праисториска“ верзија на windows сеуште зазема 39,08%. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.