x

Razer Phone: 8GB RAM и дуален систем камери

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 01 Ноември, 2017 од GSM.mk

Razer Phone ќе биде на претставен на 1 ноември, а компанијата го промовира како совршениот уред за хардкор гејмерите. Според неговите специгикации, навистина станува збор за ѕвер од телефон

Според листата на GFXBench, во внатрешноста на уредот ќе се наоѓа Qualcomm Snapdragon 835, заедно со 8GB RAM и 64GB меморија. Работи на огромна батерија од 4000mAh со Qualcomm Quick Charge 4+ технологија.

На предната страна се наоѓа 5.7 инчен IGZO дисплеј, а на задната страна се наоѓа дуален систем камери од 12 и 13 мегапиксели. Бидејќи станува збор за гејмерски смартфон, вклучува Dolby ATMOS звук и дуални звучници.

Неговата цена ќе биде најмалку 600 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.