x

Realme го претстави смартфонот X7 Pro Ultra

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 07 Април, 2021 од GSM.mk

Компанијата Realme во септември го претстави смартфонот X7 Pro, а сега пристигна и Ultra, односно Extreme Edition моделот.

Иако е логично да се очекуваат подобри спецификации во однос на моделот Pro, Ultra има и некои недостатоци. Пример, X7 Pro има FullHD+ рамен AMOLED екран со фреквенција на освежување од 120Hz, а Ultra има заоблен екран со фреквенција на освежување од 90 Hz.

X7 Pro има четири, Ultra три. Realme се откажа од сензорот за длабочина од 2MP, а ја задржа главната камера од 64, ултрашироката од 8 и макро камерата од 2 MP.

Realme X7 Pro Ultra има 12 GB RAM и 256 GB интерна меморија, но достапна е и верзија со 8 GB RAM и 128 GB интерна меморија.

Го напојува батерија од 4.500 mAh која поддржува 65W полнење. И двата уреда имаат Dimensity 1000+ процесор, 32 GB селфи камера, а имаат и сензор за отпечаток на прст интегриран во екранот.

Realme X7 Pro Ultra е достапен во 2 бои, верзијата со 8 GB RAM и 128 GB интерна меморија чини 310 евра, а верзијата со 12 GB RAM и 256 GB интерна меморија чини 350 евра.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.