x

Рецензија: Galaxy A3 и Galaxy A5, премиум телефони за сечиј џеб!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 26 Март, 2015 од GSM.mk

Кога Samsung иницијално ја претстави Galaxy Alpha серијата, сите бевме импресионирани од одличниот премиум изглед на новиот телефон и металната рамка околу куќиштето. Ова продолжува со новата Galaxy A серија, односно моделите A3 и A5...

Дизајн и екран

Како што е споменато и во воведот, дизајнот е една од најсилните страни на овие два телефони. Станува збор за телефони чија рамка е изработена од алуминиум, додека пак предното и задното куќиште се изработени од високо-квалитетна пластика. Ова дава чуство на премиум изглед, слично како кога држите iPhone 6.

На предната страна на Galaxy A3 не очекува 4,5 инчен SuperAMOLED екран на допир со qHD резолуција (960 x 540 пиксели), додека пак кај Galaxy A5 добиваме 5 инчен SuperAMOLED екран со HD резолуција (1280 x 720 пиксели). И двата екрани се идентични од аспект на бои и контрасти, нудејќи ги познатите живи бои кои се карактеристични за телефоните на корејскиот гигант. 

Од нашето тестирање, можеме да ви потврдиме дека големината од 4,5 и 5 инчи на екран дозволува да се создаде телефон кој е одличен да се држи во рака, а самите материјали и квалитетот на изработка се на врвно ниво. Всушност, телефоните изгледаат како мини верзија на Samsung Galaxy Note 4!

Перформанси

Двата телефони добиваат идентичен процесор - новиот и моќен quad-core Snapdragon 410 чипсет со 64-битна архитектура, кој е надополнет со 1,5GB RAM кај Galaxy A3 и со 2GB RAM кај Galaxy A5. Додадете го на ова Adreno 306 графичкиот процесор и имате два уреди кои се подготвени да се носат со сите предизвици на Android 5.0 и захтевните апликации!

Како мала замерка овде би бил TouchWiz интерфејсот на Samsung, кој непотребно го успорува телефонот со анимации и апликации кои веројатно никогаш не би ги користеле. Гледањето на филмови, сурфањето и користењето на апликации е без никакви проблеми и со одлична брзина. Единствено може да очекувате мало успорување при лоадирањето или при интензивните графички сцени на најновите мобилни игри како Modern Combat 5.

Целосни спецификации на Galaxy A3

Целосни спецификации на Galaxy A5

Камера

Кога станува збор за камерата, постојат одредени разлики помеѓу двата модела. Помалиот Galaxy A3 е опремен со 8 мегапикселна камера со LED блиц, додека поголемиот Galaxy A5 доаѓа со 13 мегапикселна камера, исто така со LED блиц. При тестирањето, евидентно е дека поголемиот модел ви дава подобро фотографии, не само со поголема резолуција, туку и од аспект на бои и контрасти.

Генерално, и двата уреди се способни за солидни фотографии, доколку „прочепкате“ низ огромниот број на функции кои ви ги нуди Samsung.

Како што ќе забележите и од самите слики во рецензијата, фокусот на овие телефони е на предната камера - добивате 5 мегапикселна камера со авто-фокус и најважното, широко-аголна леќа за групни #selfie фотографии. Покрај тоа, добивате и голем број на нови и интересни опции за сликање. Наша омилена е #selfie GIF фотографија, каде што опфаќате повеќе последователни слики и создавате еден вид на кратко видео.

Заклучок

Овие телефони се наменети за млади луѓе, кои сакаат едноставно да го земат уредот во рака и да се забавуваат. Сите функции и апликации работат одлично, а предната камера ви нуди многу можности за луди фотографии со пријателите.

Тестираниот Galaxy A3 е со цена од 16,600 денари во Ledikom, додека пак Galaxy A5 е со цена од 21,490 денари во Ledikom.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.