x

Рецензија: HTC One M8, една година подоцна!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 07 Април, 2015 од GSM.mk

HTC навистина создаде одличен телефон минатата година, кој не импресионираше пред се со својот дизајн и камера. Да погледнеме дали сеуште вреди, една година подоцна...

Дизајн и екран

Тајванскиот гигант доби огромни пофалби од рецензентите и јавноста за изгледот и финалниот дизајн на својот уред, а собра и повеќе награди во текот на годината. HTC One M8 е еден од најквалитетно изработените телефони на светот, со алуминиумско куќиште и Gorilla Glass 3 екран и може да стои рамо до рамо со новиот iPhone 6.

Екранот на предната страна е со големина од 5 инчи и FullHD резолуција, што е сосема доволно за уживање во најновите игри, сурфање на Интернет и гледање на YouTube видеа во висока резолуција. Единствена замерка ни се границите околу екранот, кои се преголеми и го прават уредот помалку компактен.

Уште една уникатност во дизајнот се предните стерео BoomSound звучници. Доколку редовно гледате видеа и слушате песни на вашиот телефон, тогаш овие звучници се едни од најдобрите и најгласните во моментот на пазарот, кои не смее ни да се споредат со моно звучниците вградени во iPhone 6, Galaxy Note 4 и други телефони...

Перформанси

Година дена подоцна, One M8 сеуште е опремен да се бори со најновите игри и апликации. Телефонот доаѓа со quad-core Snapdragon 801 процесор кој работи на 2,3GHz, надополнет со 2GB RAM и Adreno 330 графички процесор. Телефонот исто така доби официјален апгрејд на најновиот Android 5.0 Lollipop, со што ги поддржува и е компатабилен со сите апликации на пазарот.

Просторот за складирање на податоци е со големина од 16GB, но можете да го надоградите преку MicroSD картичка, нешто кое недостига кај новите телефони што се појавуваат на пазарот. Иднината носи моќни телефони, но сепак апликациите се оптимизираат да работат и на уреди што се веќе стари 2 години (работат на Snapdragon 800), со што One M8 би требало да работи одлично најмалку до 2016-та година.

Целосни спецификации на HTC One M8

Камера

Полето каде што One M8 е навистина уникатен. На задната страна се наоѓаат две UltraPixel 4 мегапикселни камери, кои имаат до 4 пати повеќе пиксели од регуларните камери кај мобилните телефони. Со нивна помош, можете да ги фокусирате фотографиите по сликањето, бидејќи секоја од нив се фокусира на различни елементи (напред и назад). Овој иновативен пристап ќе ви користи бидејќи нема да се грижите толку за фокусирањето и едноставно ќе сликате и ќе уживате.

Двојниот LED блиц нема да ви помогне премногу во услови на ноќна светлина, но сепак доволно добро си ја врши работата за да ги осветли фотографиите. Предната камера е исто така квалитетна, со резолуција од 5 мегапиксели и можност да снима FullHD видеа. 

Заклучок

Година дена подоцна, HTC One M8 сеуште е одличен телефон, особено кога има уште поприфатлива цена. Процесорот нема проблем со најновите игри, камерата е уникатна и дава одлични фотографии, а дизајнот сеуште е еден од најдобрите на пазарот.

Тестираниот модел е со цена од 26,490 денари во Ледиком со едногодишна гаранција.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.