x

Рецензија iPhone XR: Најдобриот iPhone на сите времиња?

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 21 Декември, 2018 од GSM.mk

iPhone XR е iPhone уред наменет за секого. Од една страна, нуди еднакво моќни спецификации како iPhone Xs и Xs Max, како и одлични фотографии, а од друга страна доаѓа со значителни пониска цена. Да се запознаеме подетално со него:

iPhone XR може да го најдете во Ledikom, по цена од 42,990 денари.

Објаснет со неколку зборови, iPhone XR е "буџетски уред од средната класа со моќни спецификации". Од друга страна, гледајќи ги неговите спецификации, во споредба со другите iPhone верзии изгледа послабо - има резолуција помала од 1080p, LCD, наместо OLED панел и само една камера на задната страна. Сепак, ниту еден од овие недостатоци не прават iPhone XR да биде полош телофон од iPhone XS и XS Max. Всушност, неговата продажба, изненадувачки, е значително подобра од онаа на другите телефони на Apple.


Предности:

  • Прекрасен и шарен дизајн
  • Издржлива батерија
  • Одлични перформанси
  • Квалитетни фотографии
  • Софтвер кој е лесен за користење
  • Ниска цена, во однос на другите iPhone уреди
Негативно:
  • Послаба резолуција на екранот
  • Ограничен Portrait Mode
  • Иако е буџетски уред, сепак цената е висока за одреден дел од корисниците
На прв поглед, iPhone XR наликува на iPhone 5C, благодарение на шарениот дизајн. Но, во однос на конструкцијата меѓу двата телефона има големи разлики. iPhone XR доаѓа со алуминиумска рамка и стаклена конструкција на предната и задната страна. За разлика од iPhone XS и XS Max, достапен е во повеќе бои - црна, црвена, жолта, сина, корална и бела.
На предната страна не очекува 6.1 инчен LCD дисплеј, со резолуција од 828 x 1792 пиксели и висок сооднос од 19.5:9. Бидејќи доаѓа без Touch ID, селфи камерата е наменета и за отклучување со користење на лицето. Во однос на другите уреди кои нудат ваква технологија, уредите на Apple се дефинитивно меѓу оние со најдобри резултати на пазарот. Селфи камерата е истотака наменета за забава, со користење на Animoji и Memoji.

Кога сме кај камерите, станува збор за селфи камера од 7 мегапиксели. За жал, на задната страна наместо две, не очекува една главна камера од 12 мегапиксели. Во секој случај, тоа не значи дека фотографиите добиени со неа се помалку квалитетни од оние со направени со други уреди. Поголемиот број на камери не секогаш значи поквалитетни фотографии. 

Во внатрешноста на XR се наоѓа еден од најбрзите процесори на пазарот A12 Bionic, придружен од 3GB RAM и 256GB меморија. Батеријата е со капацитет од 2942 mAh, поддржува безжично полнење и потребни се само 30 минути за нејзино полнење до 50%. 


Се на се, iPhone XR е дефинитивно победникот меѓу iPhone уредите оваа година. Во однос на цената која ја има, нуди моќни перформанси, одличен изглед и одлични карактеристики. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.