x

Рецензија: Kindle Fire HD

Категорија: Рецензии // Таблети Објавено на 29 Декември, 2012 од Христијан Илиески

Таблетот на Amazon, Kindle Fire, уште со првата верзија стана доста популарен низ светот. Сега со новиот таблет, Amazon зазема уште поголем замав, но дали е таблетот доволно моќен за да им конкурира на Google Nexus 7 и iPad mini?

Таблетот има големина од 7 инчи, па донекаде можеме да го ставиме во класата на Nexus 7 и iPad mini. Со оглед на тоа што овие таблети се произведени од Samsung и Apple, Amazon навистина направи голем чекор за да им се доближи.

Хардвер

Иако таблетот е изработен од пластика, делува доста квалитетно и на прв поглед има одличен дизајн. Неговите димензии изнесуваат 193×137×10.3 mm и тежина од 395 грама. Таблетот работи со dualcore процесор од 1,2GHz и поседува 1GB рам меорија со што овој уред е доволно моќен да работи како што посакуваме. Батеријата е со капацитет од 4,400 mAh што овозможува добра издржливост при работа. Kindle Fire, доаѓа во две варинати и тоа 16gb и 32gb меморија.


Дисплеј

Како што напоменавме, Kindle Fire HD има 7 инчен екран со резолуција од 1280х800 пиксели со доста реални и живи бои и одлично осветлување. Рамката околу екранот е малку голема и може да се каже дека пречи понекогаш, но тоа и не е толку голем недостаток.

Доколку читате е-книги пречесто на таблетот, доведува до поголемо напрегање на очите кое е доста штетно. Заклучивме дека екранот не е некоја од работите на таблетот која може да го направи подобар од останатите.

Софтвер

Уредот работи на Android оперативен систем. Сите знаеме дека тоа е отворен оперативен систем кој секој може да го користи, па можеме да кажеме дека Amazon направиле доста стабилен оперативен систем од Android за Kindle Fire. За поголемиот дел корисници всушност ова и не е Android таблет, туку Kindle таблет.


Предности

Уредот е убаво склопен и има квалитетен изглед. Екранот е одличен, звукот исто така изненадува, а и останатите спецификации на таблетот се задоволувачки.

Недостатоци

Има големи софтверски ограничувања, односно скратени се содржините на Amazon и повеќе апликации се недостапни.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.