x

Рецензија: Nokia 3310 (2017), враќање во минатото!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 18 Јули, 2017 од GSM.mk

Во времето пред ајфоните, Nokia владееше на пазарот со легендарниот 3310. Сега, уредот повторно се продава во помодерна варијанта, благодарение на HMD. Да погледнеме што не очекува:

Доколку очекувавте телефон со висококвалитетна камера и функции.. заборавете на тоа. Уредот се враќа на своите корени и работи на Series 30 оперативен систем. Екранот е во боја, за разлика од неговиот црно-бел претходник. Пс. Телефонот може да го најдете во Ledikom.mk, по одлична цена од 6150 денари. :)

Дизајн

На прв поглед, станува збор за помладиот и позгодниот брат на оригиналниот Nokia 3310. Доколку го носите во вашиот џеб, нема ни да забележите дека е таму, поготово ако сте навикнати на гломазни и тешки телефони како што се Galaxy S8 Plus и iPhone 7 Plus. За разлика од другите модерни телефони, изработен е од пластика. Можеби не ви се допаѓа овој дизајн, но само на тој начин HMD успеа да ја задржи неговата ниска цена. Значи, добиваме:

  • мал и лесен телефон
  • ретро дизајн 
  • Во суштина, не изгледа целосно исто како оригиналниот Nokia 3310

Дисплеј

За разлика од популарните смартфони, кај Nokia 3310 нема доволно место за огромен дисплеј. Наместо тоа, добиваме 2.4 инчен дисплеј со резолуција од 240 x 320 пиксели. Ниската резолуција особено се забележува кај фотографиите. Но, за извршување на секојдневните задачи, ваквиот екран е и повеќе од доволен. Пс. Како што знаете, дисплејот не е на допир, па мора да ги користите копчињата за да го контролирате. Какво мачење :)

Перформанси и камера

Уредот доаѓа со обичните и неопходни апликации, како: Call Logs, Contacts, Photos, Internet, Messaging, Snake, Mobile Store, My Apps, Camera, Apps and Games, Music, Weather, Radio, Videos, Settings, Notes, Calendar, Calculator, Alarm Clock, Extras, Files, Voice Recorder и Counters. Но, доколку на пример сакате да упалите Instagram, тоа мора да го направите преку спориот интернет пребарувач. Добрата вест е што на телефонот ја има мегапопуларната игра, Snake, со мали подобрености. Батеријата е од 1200mAh и може да издржи без полнење цела недела, нешто што ретко, речиси никогаш, не може да се забележи кај популарните телефони. Камерата од 2 мегапиксели не е многу, но е доволна за да ги фатите потребните информации и моменти.


Има заинтересирани? :)




Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.