x

Рецензија: Nokia 6, телефонот кој се продаде за една минута!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 18 Јули, 2017 од GSM.mk

Да погледнеме што нуди еден од првите смартфони на Nokia по долгата пазуа, Nokia 6 - уредот кој се продаде за една минута!

Најпрво, сите заинтересирани може да го најдат Nokia 6 во Ledikom.mk, по цена од 17790 денари. 

Дизајн

Благодарение на алуминиумската градба, Nokia 6 има премиум дизајн и покрај неговата ниска цена. Достапен е во 4 бои: црна, бакарна, сина и сребрена. Копчињата за звук и заклучување се одлично позиционирани, а позитивна страна е и скенерот за отпечатоци од предната страна, кој е вметнат во Home копчето.

Дисплеј 

Nokia 6 доаѓа со 5.5 инчен Full HD дисплеј, кој е и повеќе од доволен со оглед на класата во која спаѓа уредот. Видеата и игрите одлично изгледаат на него, а боите се светли и јасни. 

Перформанси и камери

Под хаубата, се наоѓа Snapdragon 430 заедно со 3GB RAM и 32GB меморија која може да ја надополните. Работи на Android 7 Nougat, благодарение на кој перформансите се доволно брзи за основите задачи кои ги испробавме. Батеријата од 3000mAh се покажа доволна за еднодневно лесно користење на уредот. Камерата од 16 мегапиксели нуди HDR и dual-tone блиц. Од неа не добиваме премиум резултати како од останатите популарни уреди, но сепак бевме импресионирани со сликите кои излегоа. Предната камера од 8 мегапиксели е одлична за вашите селфиња. :)


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.