x

Рецензија: Samsung Galaxy J2 Prime е буџетски смартфон на стероиди!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 22 Јуни, 2017 од GSM.mk

Еден од последните уреди претставени од Samsung, наменет за оние кои бараат телефон од Samsung брендот, но не им се фрлаат многу пари, е Galaxy J2 Prime. Да погледнеме што нуди телефонот и дали вреди да потрошите пари на него:

Дизајн

На прв поглед, J2 Prime, како и поголемиот дел од уредите во J серијата, со својот дизајн потсеќаат на првите телефони кои се појавија во S серијата. Доаѓа со цврст дизајн и рапав заден дел, благодарение на кој не мора да се грижите дека ќе ви се лизне од рака, туку ќе биде безбеден во секое време. И покрај пластиката од која е изграден, сигурни сме дека ќе издржи неколку падови, но не ве охрабруваме да го фрлате наоколу. :)




Дисплеј

Уредот доаѓа со 5 инчен qHD дисплеј и резолуција од 540x960 пиксели. Иако тоа е доволно голем квалитет за раковедење со уредот, телефонот нема да ги импресионира YouTube фанатиците, кои ќе мора да ги гледаат своите видеа на 480p. Позитивната страна е што, видеата ќе се лоадираат многу побрзо.



Камера и софтвер

Како што рековме, колку пари толку музика. Со својата камера од 8 мегапиксели уредот ви дозволува да ги фатите сите интересни моменти околу вас, а селфи камерата од 5 мегапиксели е доволна за вашите #selfie фотографии со пријателите. Повторно, позитивна страна е што доаѓа со LED блиц од предната страна, што е корисно за фановите на ноќните селфиња. Уште еден голем плус е што работи на Android 6.0 Marshmallow, кој е еден од поновите оперативни системи и не се гледа толку често кај уредите со пониски цени. Неговата батерија од 2600mAh, издржа 7 часа и 30 минути, при лесно користење на уредот. 




Телефонот може да го најдете во Ledikom.com, по одлична цена од 8600 денари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.