x

Рецензија: Смартфон од средната класа кој ќе ве импресионира!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 23 Март, 2017 од GSM.mk

Неодамна ја добивме екслузивната можност да го тестираме најновиот додаток на Galaxy A серијата, A5 (2017)! Како за почеток, само ќе ви кажеме дека уредот дефинитивно ќе ве заинтригира и ќе го задржи вашето внимание:

Дизајн и екран

Најпрво, Galaxy A5 2017 дефитивно мами погледи со својот елегантен и луксузен дизајн. Во последните неколку години, уредите од средната класа доаѓаат со се подобар изглед, благодарение на што лесно може да се наптреваруваат со премиум моделите. Смартфонот доаѓа со метално тело обложено со 3D стакло. Samsung дефинитивно се потрудил А5 што повеќе да изгледа на премиум смартфон и со четирите бои од кои може да бирате, би требало да има по нешто за сечиј вкус.

На предната страна се наоѓа 5.2 инчен дисплеј со резолуција од 1080 x 1920 пиксели. Покрај тоа, уредот ја има Always-on функцијата, со која, најпросто кажано, екранот останува упален цело време и ви покажува колку е часот. Инаку, ваквата функција, прв пат беше претставена со Galaxy S7. Боите и контрастите се одлични, текстот е прегледен и благодарение на големиот екран, гледањето на филмови е вистинско задоволство.

Перформанси

Хардверски, станува збор за уред кој работи на Exynos 7880 Octa со 3GB RAM. Резултатите од неговото користење, повторно, се одлични. Дури и при целосно "цедење" на неговата батерија, при играње на игри и гледање YouTube видеа, процесорот ниту се укочи, ниту се предаде. Батеријата е можеби една од неговите најпозитивни карактеристики, бидејќи се покажа како доста долготрајна, а за целосно полнење, од 0 на 100%, беше потребно нешто помалку од 1 час и 20 минути. Патем, скенерот за отпечатоци се покажа истотака во најдобро светло и ниту еднаш не направи проблеми при отклучување на телефонот.

Камера

Задната и предната камера доаѓаат со 16 мегапиксели. Сега, кога станува збор за задната камера немаме ништо друго освен пофалби. 16-те мегапиксели се погрижија фотографиите да изгледаат што попрофесионално, а големиот број модови се одличен додаток за вашите уметнички фотки. За жал, предната камера докажа дека повеќе мегапиксели не значат и подобра камера. Иако селфи камерата е далеку од лоша, боите, контрастите, како и самите фотографии сеуште не може да се споредат со оние на премиум моделите. За ваше задоволство, направивме неколку фотографии со неговите камери:

Без HDR

Со HDR

Без HDR

Со HDR

Панорамите беа малку проблематични..

Заклучок

Доколку размислувате да купите нов телефон, Galaxy A5 (2017), дефинитивно треба да се најде на вашата листа. Уредот нуди одлични перформанси, одлична камера и премиум дизајн! :)


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.