x

RED најави паметен телефон со холографски дисплеј

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Јули, 2017 од GSM.mk

RED е големо име во дигиталната кинематографија и е позната по своите 4К, 5К, 6К и 8К премиум камери кои тешко кој може да си ги дозволи.

Поради оваа причина, не изненади соопштението за медиумите со кое компанијата која го најави својот прв паметен телефон наречен Hydrogen One, кој ќе биде посебен по тоа што ќе има „холограмски дисплеј” за кој нема да ви требаат 3D очила за да можете да уживате во 3D слика и надополнета реалност со „вистински” холограми.

Посебно интересно звучи делот во кој опишуваат дека дисплејот со големина на дијагонала од 5,7 инчи ќе користи нанотехнологија за префрлување помеѓу 2D, 3D, холограмски „multiview” содржини и интерактивни игри, но не објаснуваат како функционира оваа технологија.

Телефонот ќе биде модуларен, што значи дека на него ќе можете да спојувате разни модули, а за очекување е дека фокусот ќе биде ставен на квалитетни камери.

Hydrogen One можете да го нарачате за 1.195 долари. Испораките би требало да започнат од 2018 година, а се надеваме дека до тогаш ќе дознаеме повеќе технички податоци.

Да го најавеше ова некој друг, ќе помислевме дека се работи за евтин маркетинг, но RED е преголемо име за да се впушта во такво нешто, па трпеливо чекаме нови информации.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.