x

Reels: YouTube верзијата на Instagram и Snapchat Stories

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 01 Декември, 2017 од GSM.mk

Facebook, Instagram и Snapchat постојано ги крадат меѓусебните популарни функции, а сега и YouTube им се придружи..

Една од најпопуларните функции на Snapchat и Instagram е Stories. Станува збор за персонални видеа, кои траат по 24 часа и потоа се бришат. YouTube ќе им дозволи на своите корисници да снимаат нов вид на видеа, кои се YouTube верзијата на Stories, наречени Reels. Корисниците ќе може да снимаат повеќе Reels без да мора да ги бришат претходните. 

Секое Reel видео ќе трае по 30 секунди. Креаторите ќе може да додаваат филтри, текстови и стикери на нив, исто како на Snapchat и Intagram. Другите корисници ќе може да ги оценуваат видеата со лајк и дислајк. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.