x

Рекорд во време на криза: Во светот постојат 1,4 милијарди активни уреди на Apple

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 01 Февруари, 2019 од GSM.mk

Apple вчера ги објави резултатите од заработката за последниот квартал, кои носеа лоши вести за компанијата. Но, иако продажбата на iPhone падна за дури 15%, Apple забележа нов сопствен рекорд.

Технолошкиот гигант објави дека во светот постојат 1,4 милијарди активни уреди потпишани со името на Apple, во кои спаѓаат сите модели на iPhone, Mac компјутери, iPad, Apple телевизори, iPod и Apple паметни часовници.

Од сите овие уреди, дури 900 милиони од нив се активни iPhone модели, што значи дека во светот постојат 9% повеќе активни iPhone уреди отколку во истиот период минатата година.

„Иако сме свесни дека пропуштаме голем профит, ние ја управуваме компанијата со поглед кон иднината. Овие резултати од последниот квартал говорат дека силните точки на нашиот бизнис се распространетоста и покриеноста на целиот свет, а бројките од 1,4 милијарди активни уреди се нов рекорд за компанијата“, изјави Тим Кук, извршниот директор на Apple.

Apple за првпат ја надмина бројката од 1 милијарда активни уреди во 2016 година, а во 2018 година бројката изнесуваше 1,8 милијарди. За споредба, Google објави дека во светот постојат повеќе од 2 милијарди активни Android уреди уште во 2017 година.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.