x

Ретроспектива: Технологијата во 2020

Категорија: Занимливости Објавено на 05 Јануари, 2021 од GSM.mk

Пандемијата не беше пречка за да бидат претставени нови уреди со одлични перформанси, иновативен дизајн, врвни камери, но и смартфони со пристапна цена..

Oсвен смартфони, треба да спомнеме дека беа претставени и многу нови лаптопи и таблети со нов дизајн, многу повеќе меморија и перформанси. Гејмерите оваа година ги израдува претставувањето на конзолата PlayStation 5, а беше претставена и конзолата Xbox Series X.

Беа претставени и многу уреди со иновативен дизајн.

Направивме преглед на технологијата во 2020 година. Одиме со ред.

Во февруари гигантот Samsung ја претстави долгоочекуваната серија S20. На настанот Unpacked во Сан Франциско, јужнокорејската компанија ги претстави стандардниот S20, поголемиот S20 Plus и моќниот S20 Ultra. Најмоќниот модел доби одлична батерија од 5.000 mAh која е супериорна во однос на другите модели, а има главна широка камера од 108 MP и фантастична селфи камера од 40 MP.

S20 Ultra

Подоцна во овој месец, кинескиот производител Xiaomi ја претстави новата серија на паметни телефони кои поддржуваат 5G мрежа – моделите Mi 10. Овие модели исто така пристигнаа со главна камера од 108 MP, снимање во 8К резолуција, со Snapdragon 865 процесор и поддржуваат безжично полнење.

Во март најголемото изненадување беше претставувањето на P40 lite, кој пристигна пред долгоочекуваниот Huawei P40 со внатрешна меморија од 128 GB, батерија од 4.200 mAh и главна камера од 48 MP.

Huawei P40

При крајот на март нè изненадија и од Xiaomi со Mi 10 Lite 5G по цена од 349 евра. Уредот доби 6,75-инчен AMOLED екран, Snapdragon 765G и батерија од 4.160 mAh. Ова е најевтиниот врвен смартфон кој поддржува 5G мрежа.

Во април Apple го претстави новиот, поевтин модел на iPhone, без притоа да организира специјален настан поради актуелната пандемија со COVID-19. iPhone SE има исти компоненти како iPhone 11 и iPhone 11 Pro, a наликува на iPhone 8.

iPhone SE

Motorola долго време не претстави флегшип телефон, но во април се врати на пазарот со моделите Edge и Edge+. Motorola Egde+ доби батерија од 5.000 mAh, екран од 6,7 инчи и три задни камери: 108 MP + 8 MP ToF + 16 MP ultra-wide.

Samsung годинава претстави неколку модели од серијата А, но ќе ги издвоиме главните смартфони. Во јули Samsung го претстави моделот А31 кој е уште еден од низата смартфони со батерија од 5.000 mAh која се полни до 100% за 30 минути. Подоцна во октомври го претставија и A42 5G со Snapdragon 750G процесор, 4 камери и 6,6-инчен OLED екран. Го најавија моделот А72 кој ќе има главна камера од 64 MP, кој ќе биде првиот смартфон на Samsung со 5 камери, а не треба да бидеме изненадени бидејќи серија А често служи за „експериментирање“.

OnePlus Nord

Најголемото изненадување за оваа година се смартфоните на OnePlus, компанија која се обидува да стане конкурентна на пазарот на мобилни телефони. Во јули го претставија смартфонот Nord кој за почетна цена од 399 евра нуди OLED екран со фреквенција на освежување од 90 Hz и се продава по цена од 399 евра.

Note 20 Ultra

Во август на првиот виртуелен Galaxy unpacked настан во својата историја, Samsung ја претстави Galaxy Note20 серија – најмоќниот Note уред досега. Најмоќната Note серија ги има сите особини на компјутер при што им овозможува на корисниците да уживаат во играњето игри како вистински гејмери.

Беа претставени два уреда: Galaxy Note20 Ultra дизајниран за оние кои го бараат максимумот од перформанси и продуктивност, како и Galaxy Note20 за оние кои сакаат да уживаат во врвните функции за работа и забава.

Galaxy S20 Fan Edition(FE)

Во септември го претставија новиот Galaxy S20 Fan Edition(FE) во чест на корисниците на Samsung, кој е достапен дури во шест бои; отпорен е на вода и прашина, а доколку го скршите екранот или сакате да ја смените батеријата, достапна е опцијата Samsung Care+.

Овој месец, Xiaomi атакуваше на пазарот на смартфони со трите модели од Mi 10T серијата- Mi 10T Pro, Mi 10T и Mi 10T Lite кои се спој на врвни камери, AdaptiveSync екрани, моќен процесор и одлична батерија. Опремени со најдобриот процесор нудат екстремна енергетска ефикасност, перформанси и поврзаност на 5G технологија. Затоа, кинеската компанија стана третиот најголем продавач на смартфони во светот во кварталот јули-септември, потиснувајќи го американскиот технолошки гигант Apple.

Mi 10T Pro

Google исто така останува во светот на смартфоните, па на настанот што со нетрпение се очекуваше во технолошкиот свет ги претставија Pixel 5 и Pixel 4A 5G.

Pixel 5

Најголемото изненадување ни пристигна во октомври кога Apple ги претстави iPhone 12 mini, iPhone 12, iPhone 12 Pro и iPhone 12 Pro Max. најголемиот и најмоќен модел има екран од 6,7 инчи, батерија од 3.687 mAh, четири камери, достапен е со 128, 256 и 512 GB меморија, а се продава по цена од 1.099 долари.

iPhone Pro и iPhone mini

Овој месец, кинеската технолошка компанија ја претстави својата нова серија Mate 40, a новитетот е што уредите се напојуваат со најновиот чипсет – практично најдоброто што го има Huawei во моментот.

Тука се и смартфоните на Sony, кој претстави неколку модели оваа година, но ќе го издвоиме одличниот Sony Xperia 5 II со 6,1-инчен екран, Snapdragon 865 процесор, 8 GB RAM, 128 или 256 GB интерна меморија и батерија од 4.000 mAh. Батеријата се полни до 50% за 30 минути.

LG Velvet

Од смартфоните со иновативен дизајн ги издвојуваме Galaxy Z Flip и Mate XS на преклоп, смартфоните Velvet и Wing на LG. LG Velvet има 3 задни камери во облик на капки од дожд кои се наредени вертикално, а Wing e смартфон со два екрана и ротирачки механизам.

Годинава беа претставени и многу нови лаптопи и таблети на Apple и Microsoft со нов дизајн, многу повеќе меморија и перформанси.

PS5

Гејмерите ги израдува претставувањето на новата конзола PS5. Она што позитивно изненади и израдува многумина беше тивкото ладење што не се слуша дури и за време на стартувањето на „потешките“ игри. За потсетување, PS5 има таков изглед и големина токму поради ладењето. PlayStation од последната генерација ќе чини 499 евра, а верзијата наречена Digital Edition ќе чини 399 евра.

Беа претставени и одлични гејмерски смартфони со врвни перформанси. Најголем „бум“ несомнено предизвика играта Cyberpunk 2077 која на 12 декември ја играа рекордни 1.054.388 играчи, и покрај различните проблеми. Покрај неизбежниот Cyberpunk 2077, Among Us, Destiny 2, CS:GO, Dota 2, PUBG, GTA V, Terraria и Monster Hunterсе наслови кои во еден момент оваа година „качија“ над 200.000 корисници. Видеоигрите кои заработија најмногу пари на Steam оваа година се GTA V, Destiny 2, Rainbow Six: Siege, Fall Guys, Among Us, Doom Eternal и секако Cyberpunk 2077.

Cyberpunk 2077

Resident Evil 3, Crusaders III и Sea of ​​Thieves исто така најдоа место во категоријата најпопуларни изданија оваа година.

Xiaomi Mi 11

Со претставувањето на новиот Xiaomi Mi 11, првиот смартфон со Snapdragon 888 процесор ја затвора оваа плодна технолошка година, а наскоро ќе видиме што нè очекува во претстојната 2021 година.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Trying to get property of non-object

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 69

https://gsm.mk/">

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Undefined offset: 5

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 69

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Trying to get property of non-object

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 69